Fleet Manager

Fleet Manager

        Оптимизација на работењето и перформансите на производните процеси, процесите за испорака, пакување и складирање на материјалите со најдобриот во својата класа “Fleet Manager” – уред за менаџирање на роботи. Овозможува континуирано следење и управување на максимум 100 роботи, контрола на движењето на роботите по патеките во фабриките и магацините, паметно доделување на работни задачи на роботите, паметно менаџирање на работното време и полнење на батериите, лесна интеграција со IT системите, автоматско ажурирање на податоците и работење на роботите како тим.

  • Оптимизација на ефикасноста преку централизирана контрола и лесен и интуитивен интерфејс за добивање на јасна слика во реално време на целата флота од роботи (максимум 100).
  • Зголемување на работното време на секој од роботите со автоматско кординирање и насочување на секој робот до најблиското место за полнење на батериите.
  • Зголемена флексибилност со автоматско управување на целата флота, интегрирање со MES, ERP и WMS системи и паметно препознавање на можностите на секој робот и доделување на соодветни работни задачи.